Исламабад - демонстрантите влегоа во државната телевизија

Анти - владините демонстранти во Пакистан навлегоа во седиштето на државната телевизија во Исламабад и ја прекинаа програмата на националниот канал и на англиски јазик на кои во живо се пренесуваше пробивот на демонстрантите.

Поддржувачите на опозицискиот лидер Имран Хан и на популистичкиот свештеник Тахир ул-Кадри протестираат во главниот град на Пакистан од 15 август барајќи оставка од премиерот Наваз Шариф. Тие го обвинуваат за местење на изборите од 2013 година на кои дојде на власт.