Северна Кореја спроведе уште еден ракетен тест

Северна Кореја истрела ракета со краток дострел со што ја продолжи серијата на тестирања на ракети и проектили. Војската на Јужна Кореја денеска објави дека Северна Кореја истрелала проектил од една база источно од Пјонгјанг во Јапонското Море.

Според воените власти на Јужна Кореја, проектилот летал околу 220 километри пред да падне во морето.

Северна Кореја тестираше пет проектили со краток дострел во средината на август кога папата Френсис беше во посета на Јужна Кореја.