Ирачките сили ја пробија опсадата во Амерли

Официјални лица соопштија дека ирачката армија поддржана од шиитските милиции и курдските борци влегле во северниот дел на шиитскиот град Амирли, кој беше под опсада од страна на Исламската држава повеќе од два месеца. Според локалните функционери и воени офицери, војниците ја скршиле опсадата денеска. По долгата подготовка, операцијата беше успешно реализирана. Илјадници луѓе беа заглавени во градот од јуни, а беа драстично намалено и количствата на храна и вода. Соединетите Држави соопштија дека извршиле три воздушни напади во областа Амирли и доставиле на хуманитарна помош за жителите на градот.