ЕУ е подготвена за силни и јасни мерки против Русија

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо изјави дека ЕУ е подготвена да преземе многу силни и јасни мерки против Русија во текот на украинската криза. На заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Петро Порошенко во Брисел на тој рече дека ќе им предложи широк спектар на опции на земјите-членки.

"Она што можам да ви кажам сега во име на Европската комисија е дека ние сме веќе подготвени за некои опции, ние ја завршивме нашата работа во случај земјите-членки да одлучат да одат на понатамошни нивоа на санкции", изјави тој. Баросо додаде дека ЕУ ги чува вратите отворени за политичко решение и дека заострувањето на санкциите нема за цел ескалација на кризата, туку да се направи притисок на Москва да преговара.

"Санкциите или рестриктивните мерки се само начини, средства или инструменти за да се покаже на руското раководство дека сегашната ситуација не е прифатлива и дека ние ги поттикнуваме нив размислуваат разумно и да работат конструктивно", рече тој.

Украинскиот претседател Петро Порошенко осудувајќи ја руската интервенција во неговата земја, додаде дека сега има илјадници странски војници и стотици странски тенкови во Украина.

„За жал оваа посета доаѓа во исклучително тешки околности за мојата земја, и покрај консолидираните меѓународни напори и нашите залагања за мир, Украина сега е предмет на странски воена агресија и тероризам", изјави Порошенко, говорејќи пред самитот со лидерите на Европската унија . Порошенко изјави дека очекува да види напредок кон мир во источниот дел на земјата во следните неколку дена.