Украински авион се урна во Алжир

Украински цивилен карго авион се урнал во планините на Алжир во близина на градот Таманрасет, при што загинале најмалку тројца членови на екипажот. Алжирската новинска агенција соопшти дека несреќата се случла во раните утрински часови. Авионот Антонов Ан-12 броел седум членови на екипажот и бил на пат кон Гвинеја кога се урнал на околу 15 километри јужно од аеродромот откако претходно таму застанал од технички причини. Причината за несреќата сė уште не е позната.