Клучни измени на самитот на европските лидери

Лидерите на Европската унија се очекуав денеска да направат неколку клучни назначувања во блокот од 28 земји. На самитот во Брисел, шефовите на држави и влади на ЕУ ќе го изберат новиот шеф и претседател на надворешната политика. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон ќе се повлече од функцијата на крајот на октомври. Мандатот на претседателот Херман Ван Ромпуј, исто така истекува оваа година. Според информациите, италијанскиот министер за надворешни работи Федерика Мољерини се очекува да биде номинирана како наследник на Ештон. Таа e критикувана од источните земји на ЕУ за неискуство и дека е премногу мека кон Русија. Фаворит за претседател на Унијата е полскиот премиер Доналд Туск, кој ја има суштинската поддршка од германската канцеларка Ангела Меркел. За време на Самитот, лидерите на ЕУ, исто така, ќе разговараат за натамошното проширување на руската вклученост во украинската криза.