Дачиќ во ОН побара итно формирање суд за ОВК

Србија очекува во што покус рок, а најдоцна до почетокот на следната година, да биде формиран специјален суд за воени злосторства на ОВК, изјави во Њујорк шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

- Уверени сме дека сите земји кои го почитуваат меѓународното право ќе инсистираат на тоа, истакна Дачиќ на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го претстави редовниот, тримесечен извештај за Косово.

Српскиот министер оцени дека распространетоста и обемот на злосторства кои се спомнуваат во изјавата на главниот обвинител Клинт Вилијамсон бараат судски епилог, бидејќи само тоа може да донесе правда и мир за голем број жртви и нивните семејства.