Претпладне сончево, попладне дождливо

Времето денеска претпладне ќе биде умерено облачно и потопло со подолги сончеви периоди, а во попладневните часови со локален пороен дожд и појава на грмежи повеќе во западните делови од земјава. Утринската температура се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 33 степени.