Русија бара ослободување на вработените во амбасадата во Украина

Руските власти соопштија дека вработените во нивната амбасада во Украина биле обвинети дека носеле оружје и бараат нивно ослободување. Според руското министерство за надворешни работи, вработените во амбасадата биле уапсени под сомение дека носеле гранати додека напуштале кафуле во Киев.

Во соопштението е наведено дека вработението заедно со личниот телохранител на рускиот амбасадор во Украина се уапсени и покрај тоа што поседуваат дипломатски пасоши. За руските власти нивното апсење е провокација.