Најмалку 10 украински војници загинале во денешните борби

Украински војници.

Украинскиот совет за национална безбедност и одбрана соопшти дека десет војници загинале, а 30 биле повредени во борбите со проруските сепаратисти во источна Украина во изминатите 24 часа.

Борбите се интензивираа откако сепаратистите отворија нов фронт, по напредокот на украинската војска во Доњецк и Луганск. ОН соопштија дека 2593 лица загинале досега во конфликтот во источна Украина.