Турскиот премиер Ахмет Давутоглу го именуваше неговиот нов кабинет со неколку измени во владата, која беше предводена од Реџеп Таип Ердоган. Министерот за европски работи во заминување Мевљут Чавушоглу е назначен за министер за надворешни работи. Функција која претходно ја извршуваше Давутоглу. Ердоган откако беше избран за нов претседател на Турција го назначи Давутоглу за негов наследник на премиерската функција.