Јацењук-Украина ќе работи на членството во НАТО

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека владата ќе побара од Парламентот Киев да го напушти статусот на неприпадност на ниту еден воен блок и да ја постави земјата на патот кон членство во ЕУ. Владините сили пет месеци се борат со проруските сепаратисти во источна Украина.

НАТО одржува итен состанок во Брисел на кој ќе се разговара за кризата, откако Вашингтон ја обвини Русија за конфликтот. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли западните обвинувања за вмешаноста на руската војска и изјави дека нема ниту еден доказ за инвазија на Украина.