Редовен извештај за Косово во Советот за безбедност на ОН

На денешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе биде претставен редовниот тримесечен извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун за ситуацијата на Косово. Во извештајот, меѓу другото, ќе бидат повикани Белград и Приштина да го продолжат дијалогот на високо ниво под покровителство на Европската Унија.

На седницата ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Србија и на Косово.