Меркел и Баросо-Потребен е економски развој на Западен Балкан

Самитот „Германија – ЕУ – Западен Балкан“ во Берлин.

Германската канцеларка Ангела Меркел и претставниците на ЕУ на самитот во Берлин ветија дека ќе продолжат да го промовираат економскиот развој на регионот. Меркел изјави дека финансирањето на инфраструктурни проекти е од особено значање бидејќи ќе помогне да се постигне разбирање меѓу балканските нации во иднина. Според неа, има реална перспектива за членство во ЕУ на земјите од регионот.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека потребни се инвестиции во инфраструктурата. Тој порача дека ЕУ ќе продолжи да ја игра водечката улога во обезбедувањето на финансиска помош. Самитот е по иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел, а учествуваат Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.