СЗО со план против ширење на еболата

СЗО соопшти вирусот ебола продолжува забрзано да се шири и на крајот може ја надмине бројката од 20 илјади случаи. Шефот на организацијата, Брус Аилвард изјави дека авиокомпаниите треба да продолжат со летовите во земјите погодени од ебола, бидејќи нивното прекинување претставува закана по напорите за контрола на болеста.

Аилвард воедно во Женева го соопшти и планот за спречување на ширењето на еболата на меѓународно ниво и во земјите кои се погодени од вирусот во рок од шест до девет месеци. Досега од еболата починале 1552 лица.