Берлин-Балканот да настапи со заедничка економска стратегија

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

На денешната панел дискусија во Берлин беше донесен заклучок дека земјите од Балканот треба да бидат поунифицирани, покоординирани во делот на економијата и да настапат со заедничка стратегија за да бидат поатрактивни како пазар.

Панел дискусијата е организирана од германското Министерство за економија во рамки на Самитот Германија – ЕУ – Западен Балкан, на која присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот за економија, Беким Незири. Политичкиот дел од самитот кој се одржува на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел ќе се одржи попладне.