Порошенко свика итен состанок на Советот за безбедност

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана откако ја обвини Русија за испраќање на војници во земјата. Порошенко го одложи патувањето во Турција и најави дека ќе се сретне со безбедносни лица со кои ќе разговара за влошување на ситуацијата во Доњецк. Тој исто така побара одржување на вонредни седници на Советот за безбедност на ОН и на Европскиот совет за кризата во Украина.