Пакистанската опозиција нема да преговара со владата

Тахир ул Кадри

Пакистанскиот проповедник Тахит ул Кадри кој е предводник на протестите на кои се бара оставка од премиерот Наваз Шариф изјави дека е затворена вратата за натамошни преговори со владата. Тој зборуваше пред неговите поддржувачи по рундата на разговори за мирно решавање на кризата. Според него, разговорите не биле успешни. Илјадници негови подржувачи протестираат во Исламбад од 15 август.