Чешка ќе ги снабдува ирачките курди со муниција

Чешката влада одобри снабдување со муниција на курдските сили во северен Ирак кои се борат против милитантите на Исламската држава. Се прецизира дека станува збор за куршуми за автоматските пушки „Калашников“, како и за рачни бомби и гранати. Вредноста на пратката која во Ирак ќе биде пренесена од американските сили е околу 2 милиона долари. Во меѓувреме, шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер изјави дека на 31 овој месец, Берлин ќе реши дали германските сили ќе учествуваат во борбите со џихадистите на Исламската држава. Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел наведе дека досега помош за курдските сили обезбедиле Британија, Франција, Италија, Германија, Хрватска, Канада и Албанија.