Русија: можност за укинување на санкциите врз Иран

Русија денеска соопшти дека постојат шанси за да ги укине санкциите врз Иран како резултат на меѓународните разговори за иранската нуклеарна програма. „И покрај тешкиот тек на преговарачкиот процес се појави можност да се задоволат во целост правата на Иран како членка на на Договорот за неширење на нуклеарното оружје“, се наведува во денешното соопштение на руското министерство за надворешни работи во кое се додава дека тука е вклучено и правото за збогатување ураниум, а со тоа и за укинување на санкциите против иранскиот режим.