Инаугурација на новоизбраниот претседател на Турција

Новоизбраниот претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска треба да положи свечена заклетва. Ердоган, беше премиер на Турција во изминатите 11 години.На церемонијата ќе присуствуваат шефови на држави од десетина земји. САД ќе испратат само претставник на амбасадата, а на церемонијата нема да дојдат западно европските лидери. Ердоган вети дека ќе изврши притисок за уставни измени со кои претседателската функција ќе стане помоќна. Неговите критичари велат дека со овој потегот ќе се зголеми неговата авторитарност.