Собранието ги утврди Нацрт-амандманите на Уставот

Собранието на денешната седница ги утврди нацртите на седумте амандмани на Уставот. Нацрт - амандманите по изгласувањето во Собранието ќе одат на триесетдневна јавна дисксуија, по која Владата повторно до Собранието треба да достави предлог-амандмани во кои би биле вградени забелешки од дисксуијата. Се очекува целата постапка за носење на уставните амандмани да заврши до крајот на октомври.