Штајнмаер-Нема напредок по средбата на Путин и Порошенко

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека најверојатно не бил постигнат напредок во разговорите во Минск меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Петро Порошенко. Но, тој изрази надеж дека разговорите меѓу двајцата лидери ќе водат кон донесување на натамошни одлуки со кои ќе се стави крај на конфликтот во источна Украина.