Јавна опомена од Вељаноски за тепaчката во Собранието

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска јавно ги опомени пратениците кои го предизвикаа и учествуваа во вчерашниот инцидент на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Тој изјави дека како пратеник и претседател на Собранието и пред се како човек не може да го прифати насилството како начин за решавање на политички или програмски расправи.

На денешната собраниска седница не присуствуваат пратениците на ДПА, кои по инцидентот со пратениците од ДУИ соопштија дека се повлекуваат од работата на Собранието.