Украина очекува помош од НАТО

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека очекуваат НАТО да и помогне на земјата на самитот во Велс во наредната недела. Тој нагласи дека им е потребна помош од западните сојузници и од Алијансата во преземањето клучни одлуки. Украинските власти се борат со бунтовните во источниот дел на земјата, при што ја обвинуваат Русија за нивно потикнување. Русија ги негира обвинувањата.