Египет и Обединетите Арапски Емирати извршиле напади врз Либија

Западните агенции сооопштија дека Египет и Обединетите Арапски Емирати тајно извршиле воздушни напади против исламските милиции во Либија во минатата недела. Медиумите повикувајќи се на извори од американските власти јавија дека САД не учествувале ниту ги поддржале бомбашките напади.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси негираше дека земјата била инволвирана во такви активности во Либија. Исламските милиции во Либија претходно ги обвинија двете земји за бомбардирање на нивните позиции за време на борбите на аеродромот во Триполи.