СПЦ ќе го тужи г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.

Синодот на Српската православна црква денеска одлучи да поведе црковно-судска постапка против поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан. Во кусото соопштение објавено на веб-страницата на СПЦ се наведува дека „со упорното останување во раскол, МПЦ нехристијански учествува во прогонот на архиепископот Јован, канонски поглавар на автономната Охридска архиепископија, неговото свештенство, монаштво и верен народ, како и низа други антиканонски активности“.