Авганистан-Абдула ќе ја напушти ревизијата на гласовите

Абдула Абдула

Авганистанскиот претседателски кандидат Абдула Абдула се закани дека ќе се повлече од ревизијата на гласовите од вториот круг на изборите кои се одржаа во јуни. Неговиот тим, кој ја предводеше кампањата на Абдула соопшти дека процесот на пребројување е смешен. Според нив, изборната комисија нема намера да ги поништи нерегуларните гласачки ливчиња. Доколку барањата на Абдула не бидат до утре прифатени тој ќе се повлече од ревизијата.