Иран ги снабди со оружје курдските сили во Ирак

Ирачкиот курдски лидер Масуд Барзани.

Ирачкиот курдски лидер Масуд Барзани изјави дека иранските власти ги снабдиле со оружје и муниција курдските сили кои се борат со милитантите од Исламската држава. Барзани по средбата со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф во Арбил порача дека Иран е првата земја која ги снабдила со оружје по нивно барање. Курдските сили се борат со милитантите кои ја преземаа контролата во некои области на периферијата на курдскиот автономен регион во Ирак.