Украина-Руските војници биле на специјална мисија

Украинските власти соопштија дека руските војници кои беа заробени во југоисточна Украина не влегле во земјата по грешка, туку биле на специјална мисија. Руските медиуми цитираа извори во министерството за одбрана кои изјавиле дека војниците намерно ја преминале границата на необележан дел. Украинската војска објави видео на кое наводно се прикажани некои од војниците, идентификувани како падобранци од 98-та воздушна дивизија.