Францускиот премиер ќе го објави составот на новата влада

Францускиот премиер Мануел Валс.

Францускиот премиер Мануел Валс денеска треба да го објави составот на новата влада, по оставката на неговиот кабинет во услови на спор околу економската политика.
Оставката уследи на 25 август еден ден откако министерот за економија Арно Монтеборг повика на нови економски политики и ја доведе во прашање германската „опседнатост“ со буџетската строгост. Министрите за образование и култура подоцна објавија дека ќе му се приклучат на министерот за економија и дека нема да учествуваат во новата влада.
Францускиот дневен весник „Ле монд“ ја опиша реконструкцијата како „последна шанса“ за претседател Франсоа Оланд да го спаси својот петгодишен мандат. Оланд се соочува со рекордна непопуларноста и рекордно високата невработеност. На реконструкција исто така се гледа како на очајнички обид да се надминат поделби во партијата на Оланд.