Десет луѓе загинале во нападите во Газа

Десетмина луѓе загинале во Појасот Газа во израелските воздушни напади на џамии, куќи и гранични премини, соопштија палестинските власти. Новинската агенција Ројтерс објави дека најмалку 20 луѓе вчера биле ранети откако најмалку четири ракети биле испукани кон 13-катница, која е една од највисоките станбени и деловни објекти во Појасот Газа. Бројот на жртви постојано се зголемува по прекинот на привременото примирје на 19 август. За тоа време, стотици ракети беа испукани кон израелска територија. Една ракета вчера беше испукана од Либан кон северен Израел, но нема жртви. Повеќе од 2.100 луѓе загинаа досега во Газа, откако Израел ја почна воената операција против Хамас. Загинаа и 68 Израелци.