Временска прогноза – сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 33 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.