Американските сили подготвени и порано да се повлечат од Авганистан

Мартин Демпси

Американскиот генерал Мартин Демпси изјави дека Пентагон планира да им дозволи на американските војници да се повлечат од Авганистан пред крајот на годината доколку продолжи ќорсокакот по претседателските избори во земјата и со тоа биде спречено потпишувањето на Договорот за безбедност.

Демпси кој е во посета на Авганистан порача дека на САД им требаат четири месеци да ја повлечат војската и опремата од земјата. Но, според него, тие може да се повлечат побрзо ако е потребно и доколку нема договор со кој ќе им се дозволи да останат и наредната година во Авганистан.