Ирак- Премиерот бара милициите да бидат под контрола на власта

Новоименуваниот ирачки премиер Хаидер ал Абади

Новоименуваниот ирачки премиер Хаидер ал Абади ги повика милициите и племињата да бидат под контрола на власта, а не да дејствуваат самостојно. Тој изјави дека го загрижува и е опасно тоа што милициите сами да дејствуваат на улиците.

Некои од шиитските милиции го прифатија повикот на премиерот во заминување Нури ал Малики да ја поддржат ирачката војска, која во јуни не успеа да ја преземе контролата врз градот Мосул од милитантите на Исламската држава. Ал Абади има рок до 10 септември да формира нова влада.