Либерија-Почина доктор од ебола и покрај експерименталниот лек

Почина докторот од Либерија, кој беше заразен од ебола и кој беше подложен на експерименталниот лек. Неговата смрт доаѓа во време кога е зголемен интересот за експерименталниот лек кој може да помогне во борбата со болеста, откако двајца амертикански државјани кои беа заразени во западна Африка се излечија. Во меѓувреме британскиот медицински работник кој се зарази со ебола во Сиера Леоне е пренесен во болница во Лондон по вчерашната евакуација. Досега од болеста починаа над 1400 лица.