Шефот за човекови права на ОН, Нави Пилај ги осуди милитантите од Исламската држава за нивната кампања на етничко и верско чистење на Ирак. Според соопштението, Пилај наведува дека Исламската држава направила ужасни злосторства како убиства, ропство, сексуални злоупотреби и при тоа целта на нападите и се лица од различни етнички и верски заедници. Таа изјави дека истражителите на ОН документирали случаи кои претставуваат злосторства против човештвото.