Сирија ги предупредува САД за воздушните напади

Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Моалем испрати предупредување до САД да не спроведуваат воздушни напади врз милитанти на нивна територија без претходно да добијат согласност. Според него, ткавите напади без одобрување од владата ќе се сметаат за агресија. Но, тој истакна и дека Сирија е подготвена да работи со меѓународната заедница во борбата против исламските терористи.