Меркел-Членството на Западен Балкан во ЕУ зависи од реформите

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сите земји од регионот на Западен Балкан имаат европска перспектива, но нивното приклучување кон ЕУ ќе зависи од тоа колку брзо ќе ги применат клучните реформи. Според неа, сите земји од Западен Балкан имаат шанса да се приклучат кон ЕУ и тоа е целта кон која тие се стремат. Меркел пред одржувањето на Конференцијата за Западен Балкан нагласи и дека на сите земји од регионот им ветуваат членство во ЕУ, при што стојат цврсто врз неговото остварување.