Иран ја забрзува операцијата за вооружување на Западниот брег

Командантот на воздушните сили на Иран, Амир Али Хајизадех

Иранските власти соопштија дека ќе ја забрзаат операцијата за вооружување на Палестинците во Западниот брег во знак на одмазда за наводнoто израелско шпионско беспилотно летало врз земјата. Командантот на воздушните сили Амир Али Хајизадех изјави дека ќе го забрзааат вооружувањето на Западниот брег и го задржуваат правото да одговорат на провокацијата.

Предупредувањето доаѓа откако властите тврдат дека членовите на иранската револуционерна гарда собориле израелско беспилотно летало над нуклеарната постројка Натанз, која се наоѓа на 240 километри одалеченост од Техеран.