Подготовка на Балканскиот самит во Берлин

илустрација

Премиерите на Црна Гора, Хрватска, Албанија и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина попладне ќе се состанат во Цавтат за подготовка на заедничкиот настап на конференцијата за Западен Балкан што в четврток во Берлин ја приредува германската канцеларка Ангела Меркел. Таа порача дека сите земји од регионот имаат европска перспектива, но оти членството во Европската унија зависи од спроведувањето на реформите. Во Цавтат, како што е најевно, премиерите ќе разговараат за инфраструктурни и други проекти од заеднички интерес за државите на Западен Балкан.