Терористички напад во Турција

Терористи синоќа извршиле напад со ракети и автомати врз термоцентралата во округот Шарнак, во југоисточна Турција, пренесе новинската агенција Анадолија. Во нападот бил ранет еден од чуварите на термоцентралата која е во сопственост на приватна фирма. Според Анадолија, напаѓачите биле група терористи, но не се соопштува на која група и припаѓале.