Украина отвора нова сателитска телевизија на англиски јазик

Новиот 24-часовен телевизиски канал на англиски јазик – „Украина денес“ вчера почна да емитува вести за случувањата во Украина од Киев преку сателит и преку интернет. Во медиумската компанија 1+1 Медиа груп, која стои зад каналот, велат дека Украина денес ќе биде предизвик за „големата информативна војна“ која ја водат руските државни медиуми, кои ги обвини за емитување „лаги и извртувања“ за Украина за да ја поддржат агендата на рускиот претседател Владимир Путин. Украина денес планира во иднина да почне сателитски да емитува програма во САД, а веројатно и да почне да се емитува на руски јазик.