Сиријците кои го нарушуваат јавниот ред ќе бидат екстрадирани од Турција

Турската Влада ќе ги екстрадира Сиријците, кои го нарушуваат јавниот ред во Турција, изјави турскиот вицепремиер Бешир Аталај.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, досега во Турција се преселиле околу 1,5 милиони Сиријци. Околу 218 илјади од нив живеат во бегалски кампови, а 1,13 милиони се населиле во различни турски окрузи.

Со оваа одлука, додаде Аталај, треба да се спречи појавата на тензии меѓу локалните жители и сириските бегалци.

Турција првично планираше да прими 250 илјади бегалци, но нивниот број во моментот е значително поголем.