Исланд издаде предупредување за летови поради активен вулкан

Исландскиот вулкан Бардарбунга го погодија два земјотреса со магнитуда од 5,3 и 5,1 степен, што се најсилни земјотреси откако Исланд вчера објави црвен, највосок степен на предупредување за авијацијата, предупредувајќи на опасност од ерупција и исфрлање на вулкански пепел во атмосферата. Метеоролошката служба на Исланд двата земјотреси ги измери изутринава, а вулканот којшто се наоѓа под широкиот исландски глечер Ватнајокул во текот на минатите денови го погодија илјадници помали земјотреси. Нучниците во саботата известија за помали ерупции под глечерот, но тоа не беше видливо на површината. Како мерка на предупредување , властите на Исланд објавија забрана за летови во зоната од 185 до 260 километри околу епицентарот.