Мал напредок во разговорите за прекин на пакистанските протести

Последната рунда разговори во Пакистан со цел ставање крај на протестите за соборување на премиерот, заврши без напредок . Играчот на крикет кој стана политичар, Имран Кан и популистичкиот свештеник Тахир ул Ќадри доведоа илјадници поддржувачи пред законодавниот дом во Исламабад неделава со повик премиерот Наваз Шариф да си оди. Владина делегација се сретна со тим на Ќадри за да разговараат за барањата на клеришкото движење Авами Техрик, но од движењето беа незадоволни од исходот. Разговорите се фокусираа на наводното убиство на најмалку 10 работници во судирите со полицијата во Лахоре во јуни.