Ирак : Најмалку 68 жртви во напад на сунитска џамија

Ирачки официјални лица рекоа дека најмалку 68 луѓе загинале во напад врз сунитската џамија во североисточниот дел на Ирак. Еден полицаец изјави дека вооружени лица влегле во џамијата и отвориле оган во селото, во близина на Бакуба, во провинцијата Дијала, околу 120 километри североисточно од Багдад. Новински агенции цитираа некои извори кои обвинуваат шиитски милитанти за нападот, додека други упатуваат на исламските милитанти .