Јацењук-Украина има потреба од рускиот гас

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека неговата земја нема да може да ја помине зимата без рускиот гас. Според него, Украина има потреба од дополнителни 15 милјарди кубни метри руски гас. Тој нагласи и дека украинските власти обезбедиле 3,1 милијарда долари за купување на гас оваа зима.

Русија ја прекина испораката на гас во Украина во средината на јуни, поради тоа што земјата не ги исплати парите кои ги должи за неговата набавка.