Путин телефонски разговарал со Меркел за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел.

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел телефонски разговарале за можни заеднички чекори за постигнување на примирје во Украина, соопшти Кремљ. Путин и кажал на Меркел дека Русија решила да го испрати хуманитарниот конвој во Украина, бидејќи повеќе не можеле да чекаат зелено светло од властите. Тој ја изразил и загриженоста за ескалацијата на насислтвото во источна Украина. Меркел утре ќе ја посети земјата.