Расте бројката на жртви во нападот на џамија во Ирак

Ирачките власти соопштија дека најмалку 68 лица загинале во напад на сунитска џамија во североисточниот дел на земјата. Едни медиуми јавија дека шиитските милитанти го извршиле нападот, а други дека одговорна е Исламската држава. Нападот во покраината Дијала доаѓа за време на меѓуверските тензии во Ирак и додека земјата се соочува со офанзивата на сунитските милитанти од Исламската држава.